Тошковски во САД се сретнал со функционери од безбедносниот сектор
МВР соопштува дека министерот Панче Тошковски, за време на втората сесија од Стратешки дијалог Македонија – САД во Вашингтон се сретнал со повеќе функционери од безбедносниот сектор. Тошковски имал средби со Николас Колура, заменик-помошник државен секретар и директор на Дипломатската безбедносна служба, со Кристофер Г. Раја, заменик-директор на ФБИ, со Грегори Дукот, директор на ИЦИТАП (Меѓународна организација за тренинг) и со Дејвид Бедард, заменик-помошник државен секретар од Бирото за меѓународни наркотици и спроведување на законот.
Фокусот на разговорите бил ставен на борбата против трговијата со луѓе, нелегалната трговија со дрога, транснационалниот организиран криминал, зајакнувањето на граничната безбедност, како и справувањето со тероризмот.
Посебно била нагласена поддршката преку програмата ИЦИТАП за Министерството за внатрешни работи, особено во делот на јакнење на институционалните капацитети, обуките и модернизацијата, вклучително и унапредување на работата на полициската академија.