Тошковски: Граѓаните во непосредна близина на пожарот во Трубарево да ги напуштат домовите, нема радијација

Пожарот е локализиран и нема опасност да се прошири на околните објекти, но огнот се уште гори и во тек е негово гаснење


Поради зголемено загадување на воздухот, денеска на граѓаните кои живееле во непосредна близина на пожарот што зафати објект во скопско Трубарево, им било препорачано да ги напуштат своите домови, соопшти вечерва на прес конфернција министерот за внатрешни работи Панче Топшковски кој е на чело на Управувачкиот комитет во кој се и министрите за здравство, за одбрана, за животна средина и за земјоделство. Забележливо беше отсуството на првиот вицепремиер и министер за животна средина ИзетМеџити.

Тошковски рече дека пожарот е локализиран и нема опасност да се прошири на околните објекти, но огнот се уште гори и во тек е негово гаснење.

Пожарот, како што посочи, избил нешто по 13 часот во складиште за рециклирање на електронски отпад во Трубарево. Тој рече дека вакви пожари имало и во други земји во Европа и во светот, а според негови сознанија ова е прв ваков пожар во Македонија.

„Пожарот зафати објект во кој се складирани поголеми количини електронски и платичен отпад“, рече Тошковски.

Тој додаде дека складираните батерии, особено литиум јонските, како и разни метали и хемикалии, создаваат екстремно високи температури при согорувањето и го прават гаснењето исклучително тешко и ризично. Во гаснењето била применета метода препорачана за ваков вид пожари, односно гасење со ситна песок.

„Пожарот е локализиран во кругот на складот и нема опасност од ширење, но тој и натаму е активен и гаснењето е во тек“, рече Тошковски.

Тој објасни дека Дирекцијата за радијациона сигурност констатирала дека нема радијационо зрашење, додека од страна на АБХО единицата на Министерството за одбрана која извршила мерење на квалитетот на воздухот, било констаирано дека во непосредна близина на пожарот има висока концентрација на штетни супстанци.

„На околу 200 метри од центарот на пожарот, загаденоста е ниска, додека меерењата од страна на оваа специјализирана единица на МО на 400 метри од изворот на пожарот не е евидентирано присуство на загадување од пожарот“, рече Тошковски.

Сепак, како што додаде, за да се минимизира оспасноста по здравјето на жителите кои живеат во најтесната зона околу складиштето, им препорачале да ги напуштат своите домови.

„За таа цел веднаш беа ставени на располагање капацитети на Центарот за обука кој што е во близина на местото на пожарот каде што граѓаните кои што имаат потреба вечерва ќе може да бидат згрижени“, рече Тошковски.

Тој рече дека гаснењето на овој пожар ќе трае, како и дека дронот кој што го снимал пожарот, констатирал 500 степени температура на 50 метри воздушно над пожарот.

Тошковски прецизира дека до 150 метри од жариштето има висока загаденост, од 150 до 200 метри има средна загаденост, од 200 до 400 метри има ниска загадениост, согласно мерните апарати кои што ги употреби специјалната единица на МО.

Над 400 метри согласно мерните паарати на МО, не е утврдена загаденост од пожарот, рече министерот, додавајќи дека тие апарати констатираат штетни материи во воздухот кои што може да го нарушат здравјето на оние кои што се во дадениот радиус.

„Затоа препорачуваме дислокација на луѓето кои што живеат на периметар до 400 метри, а за тоа имаме околу 450 легла спремни во Центарот за обуика, за сите оние кои што не можат да се сместат на друго место“, рече Тошковски.

Од страна на Министерството за здравство се препорачани и дополнителни мерки за заштита.

Тошковски посочи дека во врска со овој настан во полициска станица се вршат разговори со три лица кои што се сопственици или управители на објектот се со цел целосно да се утврдат околностите и причините за избивање на пожарот.

„Оперативните активности за расчистување на овој настан продолжуваат“, рече Тошковски.

Иако Владата во овој состав функционира веќе 15 месеци, Тошковски на прес конференцијата за проблемот ги обвини претходните влади, а одговорноста не ја побара во актуелните институции.

„За жал негрижата и немањето слух за системско решавање на вакви проблеми од страна на претходните влади доведоа до оваа и до други ситуации како што се Дрисла, Вардариште, но ние не се откажуваме и ќе сториме се што е потребно да изградиме систем кој што ќе делува пред се превентивно“, рече Тошковски.

Одговарајќи на прашања на новинарите Тошковски рече дека кај и да копне е труло во државата и дека тоа е резултат на проблеми кои што се таложеле со години.

„Досега над 40 лица беа лишени од слобода за настанатите пожари во изминатиот период, за жал организациска поставеност помеѓу нив се уште не можеме да утвриме согласно доказите што ги имаме. Но, факт е дека во три дена ни горат четири депонии во Скопје. Господ не може да ме убеди дека ова е случајност“, рече Тошковски.

 

Алиу: Нема хоспитализирани поради пожарот

 

Досега нема ниеден хоспитализиран пациент како последица од пожарот во складиште за рециклирање електронски и пластичен отпад во Трубарево, изјави вечерва министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР.

– Досега немаме информации дека загаденоста е на ниво за да не може да се излезе надвор. Од акредитирана институција е земен материјал и до понеделник ќе имаме официјални резултати и најверојатно на прес-конференција ќе известиме за структурата на воздухот во овој момент, рече Алиу.

Министерот посочи на препораките соопштени од МЗ за заштита кои се однесуваат на лица над 65 години, деца и бремени жени. 

 

Дали се безбедни земјоделските култури

 

Во однос на влијанието од пожарот на земјоделските култури, министерот за земјоделство Цветан Трипуновски укажа дека во зафатениот регион има мала земјоделска површина со едногодишни култури кои се веќе собрани.

– За останиот дел од културите ќе треба дополнително да се провери. Секој кој ќе има штета ќе биде обесштетен, најави Трипуновски.

 

Ангелов: На пироманите во Вардариште им се дадени пари

 

Ова што сега се случува, ова е мој личен став, бидејќи од 1991 година сум во безбедносниот систем на државаѕта, е последица на тоа дека ние сме цел на хибриден напад. Истовремено сме нападнати со повеќе пожари. Ќе ве потсетам дека денеска изби пожарот во една семенара, каде исто така имало пластичен отпад, можеби имало и гајби и истовремено се појави и овој пожар во Трубарево. Кажете ми колкава е можснота за два истовремени сериозни пожари додека ние ја затрушуваме Дрисла и се уште работиме во Вардариште – изјави на вечерашната вонредна прес конференција директорот Стојанче Ангелов.  

Тој укажа дека претходната Влада во овој дел не му давала задолженија и дека з авреме на претходната Влада, со депониите се справувале општините. Оваа Влада, рече тој, направи исчекор и ми даде поголеми овластувања и тоа јавно го кажувам: оваа Влада покажа неспоредливо поголема активност, во однос на пожарите.

На прашањето за тоа дека досега, оваа година изгореле 25 отсто од површините во државата, Ангелов рече:

-Тоа дека 25 отсто од државата е изгорена е глупост. Ова можете да го зборувате во вашата емисија. Ова е глупост. Обединити Нации измериле колку изгорело во Македонија? Двојна глупост е ако е на ОН.  Оваа година изгоре помала површина од лани. Ако они мереле трева и грмушки, тоа е друго. Очекувам и други пожари, бидејќи сме цел на хибриден напад. Имавме еден катастрофален пожар во Јасен, но немавме други сериозни пожари. 

Што се однесува до Вардариште, Ангелов додаде:

-Почетниот пожар е од палење кабли, а неофицијално имам информации дека на тие што палеле кабли им се дадени пари за вечерта да запалат пожар, а потоа истото да го направат и другиот ден. За пари.