„Тортура“ одложена поради болест на судијката

Фото: Б. Грданоски

Судењето за начинот на апсењето на Љубе Бошкоски во 2011 година „Тортура” се одложува за 22 октомври поради болест на судијката Александра Ристевска.

Случајот се наоѓа во доказна постапка, а застапник на обвинението е Љубомир Лапе.

Во „Тортура“ заедно со поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков се обвинети и поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски-Пуки и уште петмина припадници на единицата.
Обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.

Предметот го отвори СЈО во февруари минатата година, а во септември годинава го презеде во надлежност и натамошно постапување Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.