Тортевски ги најде „моштите на Афри Кола“ во Вардар


Александар Тортевски од партијата Твоја викендов повика на акција за чистење на коритото на Вардар, и тоа не којзнае каде – туку во најцетралниот дел од градот. По акцијата тој објави фотографија објавувајќи дека ги нашол моштите на Афро Кола.

-Денес на 19 август, денот на Наоѓање на моштите на прп. Серафим Саровски, Тортевски во Вардар ги најде моштите на Афри Кола“, напишаа од неговата партија на Твитер. Она што се гледа на фотографиите е стравично за главен град на држава што не може ни да си го исчисти центарот.