Топлото време сепак нема да го спречи ширењето на корона вирусот


Фото: Б. Грданоски

Топлото време веројатно нема во голема мера да го спречи ширењето на корона вирусот, покажуваат резултатите од канадските истражувачи за ширењето на ковид-19 во светот.

Тие го испитувале ширењето на вирусот кон крајот на март на места со различна влажност на воздухот, различни рестриктивни мерки и различна географска ширина.

Професорот Питер Џун од Универзитетот во торонто рече деканеговиот тим утврдил оти постојат мали или никакви врски межу ширењето на инфекцијата и температурата или географската ширина, како и само слаба поврзаност со влажноста на воздухот, пишува „Индепендент“.

„Спроведовме прелиминарна студија која укажува дека ширината и температурата може да имаат извесна улога. Но, кога ја повторивме студијата во многу поригорозни услови, добивме спротивни резултати“, вели тој.

За разлика од тоа, затворањето на училиштата и другите мерки за заштита на здравјето се многу поефикасни во сузбивањето на корона вирусот, додава тој.

„Годишните времиња веројатно ќе играат мала улога во епидемиологијата на ковид-19“, се заклучува во студијата која опфати 144 региони ширум светот.