Топлотниот бран затвори дел од училиштата во Манила


 Поради исклучителчно високи температури на воздухот во главнио град на Филипините, Манила затворени се речиси половина од училиштата, соопштија локалните власти.

Националната метеоролошка служба предупреди дека индексот на топлина (Heat Index), мерка за температурата на воздухот и релативната влажност, ќе достигне нивоа на „опасност“ во Манила и во две други области во земјата.

Жителите во погодените области се предупредени да избегнуваат продолжено изложување на сонце.

Температурата во Манила достигна рекордни 38,8 Целзиусови на 27 април лани.

Додека температурите се очекуваа да достигнат денеска само 33 степени Целзиусови, локалните власти во Манила и шест други области наредија затворање на училниците како мерка на претпазливост.

Регионот на главниот град има популација на деца во школите од повеќе од 2,8 милиони според податоците на одделот за образование.

Во областа Малабон во Манила, претставникот на одделот за образование Едгар Бонифасио рече дека суспензијата влијаела на повеќе од 68.000 ученици во 42 училишта.

Во јануари, агенцијата за деца на ОН, УНИЦЕФ соопшти дека екстремните временски услови го попречиле школувањето на околу 242 милиони деца во 85 земји минатата година, вклучително и Филипините, а најголемо влијание имаа топлотните бранови.