Топали го обвини Баша за предавство на 400.000 демократи и му порача да си замине
Поранешната потпретседателка на опозициската Демократска партија(ПД) и екс претседателка на албанскиот парламент Јозефина Топали го обвини актуелниот лидер на партијата Љуљзим Баша за бојкотот на локаланите избори и изгубената власт на локално ниво.
Преку статус на Фејсбук, Топали го нарече Баша предавник на 400.000 демократи.
-По околу три децении, ПД веќе нема никаква власт. Демократската партија не е ниту во Собранието а нема ни една општина повеќе. Со одлуката за враќање на пратеничките мандати, Љуљзим Баша тоа го замени со насилство надвор од парламентот со што ги предаде и навреди над 400.000 демократи кои гласаа за оваа политичка сила. Со ова, што е најнеодговорно дело во историјата на демократијата, тој практично ги повика Албанците во братоубиствена војна,обвини Топали.
Додава дека Баша потоа, ветил формирање техничка влада и уривање од власт на Еди Рама.
-Со бојкотот на изборите, не само што не стигна до никого, туку и на Рама му ги даде сите општини,целата власт. Сега се е сменето. ПД е надвор од каква било политичка и локална власт, додека Еди Рама има се,напиша Топали.
Во подолгата реакција таа го обвинува демократскот лидер дека со своето однесување не само што ги разочарал членовите на партијата туку и меѓународнот фактор. Затоа најдобро е, му порачува, да си замине од партијата.
-Слободните луѓе веќе нема да дозволат, ниту ти, а ниту твоите 3-4 пријатели на власт и „опозиција“да го држите во очај,болка и немоќ народот кој многу претрпел со векови. Време е да ја оживееме Демократската партија од нула. Време е да се исклучи оваа политичка класа.Демократите,Албанците ќе успеат,напиша Топали.