„Топ Ган Маверик“ го врати холивудскиот сјај во Кан : Овации за Том Круз и Џенифер Конели


Франција- Најочекуваната филмска премиера на годината, продолжението на легендарниот блокбастер „Топ Ган-Маверик“, се одржа синоќа надвор од официјалната конкуренција на 75. Кански филмски фестивал.

Оваа премиера ја чекавме повеќе од три децении, а синоќа имаше свечена светска премиера на 75. Кански филмски фестивал. Поради второто продолжение на блокбастер филмот „Топ Ган“, кој ја одбележа филмската историја и популарната култура во осумдесетите, половина Холивуд пристигна на Азурниот брег, а на црвениот тепих главни ѕвезди беа главните актери Том Круз и Џенифер Конели.

Актерите од „Топ Ган- Маверик“

Невидена возбуда и врескање на насобраната публика не се стандардни сцени на најголемиот и највлијателен филмски фестивал во светот, каде т.н. сериозна филмска продукција секоја година се натпреварува за големи награди во форма на Златна палма.

Том Круз и Џенифер Конели во дневно издание пред премиерата

Затоа продуцентите на „Top Gun Maverick“, кој следната недела ќе оди во светските кина, го избраа Канскиот филмски фестивал за прво јавно прикажување.

Француските Alpha Jets Patrouille de France летаат за време на премиерата на „Топ Ган Маверик“

Во Синплекс во Скопје филмот ќе се прикажува од 25 мај.