„Топ Ган- Маверик“ доаѓа во Скопје : Филмскиот хит со Том Круз го воодушеви светот


Минаа 36 години откако Том Круз ги стави своите пилотски очила, се качи на воениот авион и се вивна на топ-листите на Холивуд. Сега конечно доаѓа продолжението на веќе легендарниот „Топ Ган“, со поднаслов „Маверик“.

По светската премиера на Канскиот филмски фестивал, и британската премиера во Лондон, „Топ Ган- Маверик“ доаѓа во Скопје, од 25 мај, во Синеплекс. 

– Бев малку мрзелив, понекогаш и сум таков, се пошегува Круз на американската премиера, која се одржа на приземјен американски носач на авиони во Сан Диего на 4 мај

Првото продолжение на Топ Ган брзо стана дел од популарната култура. Саундтракот „Take My Breath Away“ и денес е класика на филмската музика, а продажбата на бомбер-јакни и пилотски очила, кои ги прослави Том Круз, по неговата премиера порасна за 40 отсто. 

Дополнителна популарност околу филмот крена и Леди Гага, која ја отпеа насловната песна на филмот Hold my hand, кој стана голем хит уште пред премиерата.

Том Круз и Џенифер Конели на Канскиот филмски фестивал

Во новиот филм, Маверик (Том Круз) се враќа во елитната американска школа за борбено оружје „Топ ган“ за да ја обучи најновата група самоуверени млади пилоти и пилотки. Меѓу нив е и Петел, синот на Гас, кој беше убиен во првиот дел од 1986 година.

– Чувство за романса, за авантура – сѐ тоа е свет во кој сакате да бидете. И, очигледно секогаш има што да се направи со авијацијата, рече Круз (59).

Том Круз со Кејт и Вилијам на лондонската премиера

Во филмот се враќа и Вал Килмер, а меѓу новите лица се Ед Харис, Џенифер Конели, Мајлс Телер, Џон Хам, Жан Луиза Кели, Глен Пауел, Моника Барбаро и други.