Топ 25 најпосетувани веб-страници во светот


Во огромниот универзум наречен Интернет, неколку веб-страници се повторуваат како глобални гиганти.

Веб-страниците како Јутјуб (YouTube) и Фејсбук (Facebook) привлекуваат милијарди корисници и ги обликуваат онлајн искуствата на корисниците. Но, повремено, некои новитети може да ја разнишаат оваа листа, што е токму она што се случува сега со вештачката интелигенција.

Користејќи ги податоците од фирмата за веб-аналитика Симиларвеб (SimilarWeb), погледнете ги најдобрите 25 веб-страници врз основа на нивните најнови податоци за сообраќајот.

Во 2023 година, веб-порталите во сопственост на „Алфабет“ (Alphabet) и „Фејсбук“ (Facebook) доминираат на топ 25 листата, како што тоа го прават многу години. Всушност, кога ќе се спојат Гугл , Јутјуб , Фејсбук, Инстаграм и Вотсап (WhatsApp), тие претставуваат три четвртини од целиот сообраќај во топ 25 листата.

Еве ја целосната листа на топ 25 веб-страници заклучно со април 2023 година:

Горенаведените 25 веб-страници се комбинираат за неверојатни 192 милијарди месечни посети.

Повеќето од веб-локациите на оваа листа се наоѓаат во САД, но неколку, како што се Баиду (Baidu – Кина) и Јандекс (Yandex – Русија), се најдоа на листата.

Интересно, три од веб-локациите за возрасни на оваа листа – XVideos, PornHub и XNXX – се наоѓаат надвор од САД.

Извор: Visialcapitalist.com