Тони Надал е уверен дека Рафа ќе игра на Ролан Гарос


Тешки денови за Рафаел Надал (Фото: Ројтерс)

Поранешниот тренер и вујко на Рафаел Надал, Тони Надал, е уверен дека шпанскиот тенисер наскоро ќе може да се врати на терените и ќе може да се подготви за Ролан Гарос.

-Рафа има некои проблеми со својот сервис. Освен тоа, тој нема двоумење. Важно е да се игра на турнир пред Ролан Гарос. Тоа е дел од добрата подготовка. Одите и настапувате 100 проценти или воопшто не играте, изјави Тони Надал за „Марка“.

Вчера беше откриено дека Рафаел Надал се повлекува од Мастерс турнирот во Монте Карло следната недела.