Томашевиќ загуби, Демирел и натаму прв човек на ФИБА


Турчинот Тургај Демирел е реизбран за претседател на ФИБА Европа и на таа позиција ќе остане до 2023 година.

Главниот противник на Демирел, кој од 2014 година е во претседателската фотелја, беше Дејан Томашевиќ, генерален секретар на Кошаркарската федерација на Србија. Но прославениот српски кошаркар, кој неодамна беше дел од кошаркарската елита  која дојде во Скопје во чест на 80-от роденден на оригиналниот Лазар Лечиќ, не успеа да победи на гласањето на изборното собрание одржано во Минхен. Третиот кандидат беше Белгиецот Сирил Куманс.

На изборите за седиштето на ФИБА Европа им претходеа судирите меѓу Демирел и Хидајет Туркоглу, претседателот на Кошаркарската федерација на Турција.

Демирел го обвини легендарниот Туркоглу дека отворено работи против него и дека лобирал за изборот на Дејан Томашевиќ, иако и двајцата доаѓаат од иста држава.