Толкуте напади против Груби ќе му помогнат да добие азил, вели професорот Калајџиев


 

Откако во понеделникот побара оставки на ДКСК поради предметот со деиректорот на АНБ, Бојан Христовски, професорот на Правниот факултет Гордан Калајџиев денеска преку социјалните мрежи порача дека прфетераното зборување за Артан Груби од владините структрури може да му помогне на поранешниот вицепремиер да добие азил. Каде и да се наоѓа.

„Нѐ удавија со Груби! Со тоа се храни само проста маса, а на Груби само може да му помогне да добие азил со образложение дека со ваквата кампања против него нема да може да добие фер судење! Пс. како Грујо што доби; абе го спомнал него некој на вести?!“, напиша Калајџиев на Фејсбук.

Владејачките ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Вреди“ објавуваат по неколку соопштенија дневно поврзани со Грби, а за него секојдневни изјави дава и премиерот Христијан Мицкоски.