Толку од грижата за „македонштината“ – Македониумот во Крушево поплавен и скапува (Видео)

Снимката што ја објави Дојче веле за тоа како извонредниот споменик – Македониумот во Крушево – скапува поплавен од вода е во силен контрапункт со залагањето на властите за промовирање на макдеонската борба за независност. Македониумот е еден од клучните симболи на борбата на македонскиот народ за сопствена држава.
Но сега тој пропаѓа и скапува под вода. При посилен дожд, подот на споменикот „Илинден“ во Крушево е покриен со вода, витражите се оштетени, подот распукан, а рамките на прозорците се кородирани. Водата стигнува и до гробот на претседателот на Крушевската република, Никола Карев, објави Дојче веле.
Надлежните од Завод и музеј Прилеп велат дека нема пари за санација на објектот, а нема веќе ниту кадри кои би знаеле тоа да го сторат. Има само најава дека во 2026 година ќе се уредува партерот пред споменикот. А самиот споменик може да скапува.