Толедо го оперираше коленото, не се знае кога ќе се врати на теренот


Десниот бек на Вардар, Жозе Толедо денеска имаше операција на коленото. Со цел што побрзо да се врати во екипата беше решено овој оперативен зафат да биде извршен сега, соопштуваат од клубот.

Се работи за отстранување на проблемите што досега ги имаше Толедо со десното колено и менискусот.

По извршената контрола ќе се знае и колку време ќе биде потребно за враќање на теренот.

Инаку новата сезона во машката Супер ракометна лига треба ќе започне на 7 септември. Екипата на Вардар јуниор ќе игра во домашното првенство, а првиот тим на Вардар ќе се приклучи директно во плејофот по завршување на регуларните 18 кола.

Првиот дел од сезоната е планирано да заврши на 14/15 декември 2019. На пролет 2020 ќе се одиграат преостанатиот дел од натпреварите и најдобрите четири екипи од регуларниот дел ќе продолжат да разигруваат за титулата.

Екипите пласирани од 5 до 10 место на табелата ќе разигруваат во плеј-аутот.