Токио прогласи највисоко ниво на тревога поради рекорден број случаи на Ковид-19

Јапонскиот главен град Токио денеска прогласи највисоко ниво на тревога поради корона вирусот, затоа што дневно регистрира рекордни 500 нови случаи.

Гувернерката на Токио, Јурико Којке предупреди дека ситуацијата ќе биде многу полоша доколку не се реагира.

Највисокото ниво на тревога на скалата од четири покажува дека вирусот се шири, додека претходното ниво на предупредување значи дека „заразата почнува да се шири“.

Во Токио денеска се регистрирани 534 новозаразени со корона вирусот, а во целата земја таа бројка изнесува 2.201 нови болни за 24 часа.