Токаев: Време е за колективна потрага по мир во Украина


„Оние кои нема да се предадат ќе бидат елиминирани“, рече претседатерот Касим-Жомарт Токаев

 Старо-новиот казахстански претседател, Касим-Жомарт Токаев, изјави дека е време за „колективна потрага по мир во Украина“.

„Што се однесува до Украина, верувам дека дојде време за заедничка колективна потрага по формулата за мир. Секоја војна завршува со мировни преговори. Мора да се искористи секоја можност за да се постигне примирје“, рече Токаев во изјава пренесена  на неговата интернет страница.

Токаев, наведуваат британските медиуми, смета дека на рускиот и на украинскиот народ не треба да им се дозволи да имаат лоши односи во следните десетици или стотици години.

Токаев, кој на вонредните избори во неделата го обезбеди својот втор мандат, во минатото јавно се спротивставуваше на територијалните претензии на рускиот претседател Владимир Путин во Украина, со што ги влоши односите меѓу Астана и Москва.