„Тоа сме ние“ – книжевно читање на новата генерација


Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ денеска во Младинскиот културен центар организира книжевно читање „Тоа сме ние“.

Настанот ќе започне во 20 часот и ќе вклучи настапи на десет млади автори од новата книжевна генерација, меѓу кои Ивана Јовановска, Моника Стојановска, Ива Петреска и други.

„Култура Бета“ најавува дека настанот ќе биде потсетник за ослободувањето на книжевната сцена во чест на Денот на ослободувањето на Скопје.