Тлото во Турција не мирува, вечерва нов земјотрес од 5,5 степени 


Нов земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди Турција.

Земјотресот бил во близина на градот Караманмараш на длабочина од десет километри.

Претходно, уште еден земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала рано денеска го погоди источниот дел на Турција.

Земјотресот се случил во 16:15 часот по локално време, а епицентарот бил на длабочина од два километри кај Адијаман.