„Титаник“: Апелација ја намали затворската казна за Јанакиески, ја укина за Јанкуловска
Апелација преиначи дел од казните за обвинетите во предметот „Титаник“, а дел ги потврди. За Мартин Протуѓер останува условната осуда, за Миле Јанакиески се намалува казната за девет месеци и сега ќе треба да одлежи 3,6 години, Гордана Јанкуловска сега доби условна осуда наместо 2,5 години казна затвор, a Мунир Пепиќ исто добива условна осуда наместо една година затвор.
Освен тие што признаа вина, обвинети во „Титаник“ се и поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, екс генералниот секретар на тогашната влада, Кирил Божиновски, поранешниот пратеник Илија Димовски, некогашниот градоначалник на Пустец, Едмонд Темелко, како и уште други 12 обвинети за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.