Тирана бара Лавров да ја повлече изјавата за албански платеници во Украина

Албанската влада силно ја негира изјавата на рускиот министер за надворешни работи, сергеј Лавров, дека албански воени платеници биле регрутирани за да се борат во Украина на страната на Киев.
Албанската влада бара Лавров да ги повлече ваквите неосновани обвинувања од страна на Русија.
-Косово и некои други делови од Западен Балкан стануваат почва за криминал. Има терористи, дилери на дрога. Тие регрутираат платеници за да учествуваат во непријателства во конфликти кои постепено избувнуваат, вклучително и во САД. Има информации дека се регрутираат платеници во Косово, Албанија и Босна и Херцеговина со цел да се исфрли Русија од рамнотежа и да се испратат меѓу другото во Донбас. Сега повторно го проверуваме тоа – рече денес Лавров.
Претходно овој месец, од страна на Москва се тврдеше дека има присуство на британски и полски платеници кои дејствуваат во близина на линијата на фронтот во источна Украинан нешто што со потсмев се прима во Украина, со забелешка дека секој кој зборува друг јазик различен од украинскиот и рускиот се третира како странски платеник или шпион.