Тинејџерка од Германија врзала млад човек со лисици на креветот и го запалила станот


Вчера во Дрезден, Германија, пожарникарите од балкон спасиле 25-годишен маж  кој избегал од запален стан. Според германскиот РТЛ, откако бил спасен, итно бил пренесен во болница со тешки изгореници.

По кратка потера, полицијата уапсила 19-годишна жена која е поврзана со делото, а тинејџерката денеска во попладневните часови треба да се појави пред истражен судија. Што точно се крие зад овој пожар и каква била врската помеѓу девојката и младиот човек, допрва треба да утврди истрагата.

Полицијата денеска излезе со соопштение во кое се наведува дека пожарот најверојатно бил подметнат со запалка. Како што дознава БИЛД, несреќниот млад човек го врзала со лисици на креветот, а велат и дека тој ги сретнал пожарникарите на балконот врзан за рамката од креветот.

Пожарникарите на платформата Х објавија дека станот целосно изгорел. “Брзата помош со скала спасила две лица. Едно лице добило итна медицинска помош и е пренесено во болница. Пожарникарите брзо го изгаснале пожарот. Поради големиот чад морало да се спроведат обемни мерки за вентилација”, соопштуваат оттаму.