Тинејџерите најдени во бессознание го нападнале и сопственикот на куќата – тој е приведен


Фото: Б. Грданоски

Во петокот, во 13.57 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, во двор од куќа, сопственост на Д.Ѓ.(40) од Скопје, тој бил физички нападнат со тврд предмет од малолетник.

Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот, при што затекнале четири малолетни лица, од кои две биле во бессознание и истите консумирале алкохол и психотропни супстанци, а на местото на настанот биле пронајдени и остатоци од работи кои ги консумирале, за кои дополнително ќе се врши вештачење за да се утврди нивната содржина.

Малолетните лица со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Клиниката за токсикологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Известен бил јавен обвинител, кој излегол на лице место. Во 16 часот полициски службеници го лишиле од слобода Д.Ѓ.. Денеска (13.07.2024) во тек е увид под раководство на јавен обвинител и се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот.