Тинејџери во Охрид се забиле со автомобил во столб


Тројца тинејџери се повтредени откако со автомобил се забиле во столб во охридската населба Рача.

Имено, во петокот, во 13.50 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, кај населбата Рача, патничко возило „сузуки“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(18). од Охрид, изгубило контрола и удрило во столб.

Во несреќата со тешки телесни повреди здобила сопатничката Т.Н.(18), додека возачот и друг сопатник О.С.(18) од Охрид се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.