Тинејџер во САД загина од заталкан куршум додека в соба играл на Ајпад


Во Алабама, САД во петокот вечерта заталкан куршум погодил 13-годишно момче кое во својата соба си играло на Ајпад.

Додека момчето седело во собата, заталкан куршум влегол низ прозорецот и го погодил во глава.

„Откако сфатиле дека се беспомошни и дека ништо не моажт да направат, родителите и семејството на 13-годишното момче само стоеле од другата страна на улицата и гледале како го носат во колата на итната помош“, соопштија од полицијата.

Пред куќата најдени полно чаури

Полицајците на местото на инциденот стигнале околу 18.20 часот. Службениците пред куќата на момечто нашле толку чаури штѕо морале да ги користат своите визит-карти за да ги обележат местата од каде се подигнати како докази, пишува Си-ен-ен.

Брент Бланкли, началник на полицијата, рече дека се работи за „бесмислено убиство“.

„Често гледаме вакви работи да им се случат на возрасни. Тоа е веќе ужасно. Но, кога се работи за дете, тоа преминува на друго ниво. Сите овде сме родители. Кога ќе видите вакво нешто, и бесмислената трагедија која соти зад него, тоа поинаку ве погаѓа“, рече Бланкли.

Според полицијата, тинејџерот не бил мета на пукотницата. Се бараат можните осомничени, а се лоцираат и некои возила.