Тинејџер турна дете од 10 кат, обвинет за обид за убиство


Британската полиција го обвини седумнаесетгодишникот кој турна 6-годишно момче од 10 кат во лондонската галерија „Тејт модерн“, за обид за убиство.
Тинејџерот е уапсен откако шестгодишното момче беше најдено на платформа на петтиот кат, откако било турнато и паѓало надолу.
Момчето е во болница и е во стабилна состојба, но критично, јави Ројтерс.

Метрополитен полицијата претходно наведе дека службениците го пронашле детето на петтиот кат на галеријата и дека итната помош го одвела во локалната болница во критична состојба.
Полицијата во соопштението наведе дека 17-годипникот останал на платформата на 10 кат со останатите посетители откако детето паднало и ништо не укажува дека тие се познавале.