Тинејџер тешко повреден во сообраќајка со мотор


Тинејџер на возраст од 15 години, кој бил сопатник на мотор што го возело две години постаро момче, со тешки повреди е пренесено во болница откако во нив удрило товарно возило.

Имено, во средата, во 23 часот на крстосницата од ул.„Индустриска“ и ул.„Солунска“ во Битола, товарно моторно возило „пежо 208“ со скопски регистарски ознаки управувано од П.М.(48) од Битола удрило во мотоцикл „јиа јуе“ со битолски регистарски ознаки управуван од 17-годишен малолетник од Битола.

По незгодата сопатникот на мотоциклот, 15-годишен малолетник од Битола бил пренесен во Клиничката болница Битола каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.