Тинејџер со свастика на облеката упадна во училишта во Бразил и уби четири лица


Во пукање во две училишта во Бразил, каде упадна тинејџер на 16-годишна возраст, кој носел нацистички ознаки на облеката, животот го загубија четири лица, три на местото на пукањето, а една професорка починала подоцна во болница, објавија властите.

Надлежните во Аракруз, во државата Еспирито Санто, велат дека некои од десетте ранети, меѓу кои и три професори и ученици, се во тешка состојба по нападот што се случи во петокот, кој ја шокираше земјата во која е забележан зголемен број пукања во училиштата последните години.

„За жал, трагедијата во Аракруз уште не е завршена“, вели гувернерот Ренато Касагранде.

„Со длабоко жалење ја потврдуваме смртта на уште една жртва, професорката Флавија Амбос Меркон“, твитна гувернерот, кој прогласи тридневна жалост во Еспирито Санто.

Напаѓачот е поранешен ученик

Напаѓачот е поранешен ученик во јавното училиште кој пво нападнал пукајќи во група наставници, убивајќи двајца и ранувајќи уште деветмина. Потоа отишол во блиското приватно училиште, каде убил адолесцентка и ранил уштенеколкумина.

Уапсен е и ќе се соочи со обвиненија за убиство и обид за тешки убиства, соопшти полицијата на Еспирито Санто.

Роднините на три убиени оджаа бдеење во саботата, јавија бразилските медиуми.

„Мојата ќерка секогаш беше светлост и љубов. Ја изгубив ќерката поради омраза“ вели Таис Сагриљо, мајка на убиената 12-годишна девојка, за „Глобоњус“.

Нападот е 12-то пукање во училиште во Бразил од 2002 година, според истраистражувачкиот институт Соу да Паз.

Реформа на политиката за оружје

Најновиот напад поттикна повици на реформа на политиката за оружје, со критики за низата претседателски укази со кои се ублажени прописите за огнено оружје под десничарскиот претседател Жаир Болсонаро.

Новоизбраниот бразилски претседател Луиз да Силва, кој пшто го критикуваше ублажувањето на законите за контрола на оружје, го победи Болсонаро минатиот месец.

Надлежните велат дека напаѓот е син на полицаец, а во нападот користел, два пиштоли, двата регистрирани на неговиот татко. Едниот бил негово службено оружје, а другиот приватно регистриран.

Го планирал нападот

Касагранде рече дека се чини оти момчето внимателно го планирало нападот.

Снимките од безбедносните камери кои ги емитираа бразилските медиуми покажаа дека напаѓаот се затрчува во училиштето облечен во војничка униформа и мафта со пиштолот.

Истражителите велат дека на униформата имал свастика и дека испитуваат дали бил поврзан со некои екстремистички организации.