Тинејџер со нерегистриран мотор удри 6-годишно дете


Во четвртокот, во 18 часот во село Марино, скопско, мотоцикл „Лонгија Баутијан“ без регистарски ознаки, управуван од 16-годишно лице од село Кадино, удрил во шестгодишно дете од населба Илинден.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобило шестгодишното дете кое било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош. Додека, со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот на мотоциклот на возраст од 16 години. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.