Тинејџер од Полска убил жена и заминал на екскурзија во Грција


Седумнаесетгодишен полски државјанин е уапсен во грчкиот град Катерини поради бруталното убиство на жена во неговата татковина минатата недела, соопштија властите.

Според полицијата, тинејџерот кој престојувал во Грција со туристичка група е обвинет дека намамил жена во столарска работилница во град во североисточна Полска на 23 април и наводно ја удирал повеќе пати со секира или чекан.

Полските власти тврдат дека потоа тој истурил непозната хемиска супстанца врз нејзиното тело, го запалил и ги фрлил остатоците во пластична корпа за отпадоци.

Полските обвинители издадоа меѓународна потерница, а осомничениот беше пронајден и уапсен од грчката полиција откако беше идентификуван.

Се очекува тој да се појави пред Апелациониот обвинител во Солун за да започне постапка за екстрадиција согласно полското барање, објавува „Еkathimerini“.