Тим го победи Ѓоковиќ и се пласира во финалето на Завршниот турнир во Лондон


Англија – Австриецот Доминик Тим избори финале на Завршниот турнир во Лондон, совладувајќи го вечерва Србинот Новак Ѓоковиќ.

Во меч што траеше безмалку три часа, Тим го доби првиот сет со 7:5, во вториот беше 7:6 за Ѓоковиќ по тај-брејкот (12:10). И во решавачкиот трет сет се играше тај-брејк, овојпат Тим беше поуспешен со 7:6 (7:5).

Во финалето Тим ќе игра со победникот од мечот Данил Медведев – Рафаел Надал.

Наградниот фонд на АТП турнирот во британската престолнина изнесува 5,7 милиони долари.