Тим е првиот Австриец што го освои УС Опен


Австриецот Доминик Тим стана победник на Грен слемот УС Опен. Во финалето коешто траеше нешто повеќе од четири часа, ноќеска тој го надигра Германецот Александар Зверев со 3-2, по сетови 2:6, 4:6, 6:4, 6:3 и 7:6 (8:6).

За Тим ова е прва победа на Грен слем турнирите. Воедно тој е првиот Австриец кој триумфирал на турнирот во Њујорк.

Покрај тоа, претходно само еден австриски тенисер има освоено Грен слем – во 1995 година, Томас Мустер стана победник на Ролан Гарос.

Годинава наградниот фонд на УС Опен изнесуваше 53,4 милиони долари.