„Тиквеш“ го исплати откупеното грозје од ланската берба


Винарската визба „Тиквеш“ вчера соопшти дека ги исплатила сите обврски кон лозарите за откупеното грозје од минатогодишната берба. Винарницата на индивидуалните лозари и на правните лица, без капитално поврзаните субјекти, за преземеното грозје од 2018 година им исплатила над 345 милиони денари. Откупените количини грозје надминале 28 милиони килограми.

„Во бербата 2018 откупивме квалитетно грозје од дури 36 сорти, што ќе ни овозможи да продолжиме со иновациите во нашето портфолио. Ова е од особено значење за понатамошниот деловен развој. И годинава, во предвидениот рок ги исплативме финансиски нарочните обврски кон лозарите“, изјави генералниот директор на ВВ „Тиквеш“, Радош Вукиќевиќ.