Тигрица уби чуварка во зоолошката во Цирих
Сибирски тигар во зоолошката во Цирих, уби 55-годишна чуварка, соопштија властите од тој швајцарски град.
Преплашените посетители на зоолошката повикувале на помош откако тигрицата Ирина ја нападнала работничката во ограден простор денеска во 13 часот.
Другите чувари успеале да ја намамат тигрицата од тој простор, а итната помош се обидела да ѝ попмогне на тепко ранетата жена, но таа починала.
Од Зоолошката соопштија дека е отворена истрага за да се утврди зошто тигрицата и чуварката биле во ист простор во исто време.
Тигрицата е родена во 2015 година во данскиот град Одензе, а во Цирих е префрлена пред една година.
Споре директорот таа до сега се однесувала нормално. Посетителите кои сведочеле на немилиот настан и вработените ќе добијат психолошка помош.
Зоолошката која неодамна беше отвоена по престанокот на рестриктивните мерки поради корона вирусот утре нема да работи.