Ти свињо! Германски нудист брка дива свиња што му го украла лаптопот

„Кога се врати од шумата со лаптопот сите му аплаудираа“, нудистот ја брка дивата свиња која носи жолта кеса во која е неговиот лаптоп (Фото: Адел Ландауер)

 

Нудистот кој брка дива свиња во близина на берлинското езеро, откако таа му го украла лаптопот, беше поздравен со аплауз по успешната потера.

Фотографката што ја сними драмата изјави дека неидентификуваниот нудистот бил среќен што таа ги споделила сликите, кои го прикажуваат како целосно гол трча по свињата и нејзините две прасиња, додека колегите капачи гледаат и се забавуваат.

„Природата го возврати ударот“, напиша Адел Ландауер, личен тренер, на Фејсбук. „Му ги покажав на човекот фотографиите, тој се смееше од срце и ми даде дозвола да ги објавам“.

Човекот се сончал гол на Теуфелсе во западен Берлин, популарна и совршено легална практика во германската престолнина како дел од она што е познато како ФКК, или Freikörperkultur (култура на слободното тело).

Дивата свиња, која е сѐ почеста, очигледно забележала пица што ја јадат другите капачи. Таа грабна жолта кеса со лаптоп на човекот, веројатно верувајќи дека таа содржи храна и човекот ја бркаше дивата свиња додека не го испушти лаптопот.

„Бидејќи во торбата беше неговиот лаптоп, тој го даде сѐ од себе, иако беше во неговиот костум при раѓањето“, објасни Ландауер.

Потерата на човекот заврши успешно затоа што тој си го врати лаптопот (Фото: Адел Ландауер)

Бегот на свињата беше забавен од картонска кутија што се испречила на нејзиниот пат. Мажот плеснал со рацете и удрил на земјата со стап, по што свињата го испушти лаптопот.

Друг сведок рече: „Кога се врати од шумата, сите му аплаудираа“.

Дерек Елерт, народен правобранител во Берлин за диви животни, за локалните медиуми изјави дека ваквите инциденти станале почести и дека лисиците станале редовни посетители на езерските одморалишта во Берлин.

„Ги повикуваме луѓето да не паничат во таков случај“, рече тој. „Досега немавме повредени – животните се навикнати на луѓето“. (Гардијан)