ТХП ги осудува објавите на Китановиќ со кои го величи воениот злосторник Младиќ


Партија за движење на Турците (ТХП) со голема загриженост ги осудува објавите на директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Далибор Китановиќ, со кои тој го величи воениот злосторник Ратко Младиќ по неговата смрт. Наместо да се извини за објавите, дотичниот се уште го величи воениот злосторник.

Величењето на лице осудено за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото е неприфатливо, особено кога доаѓа од носител на висока јавна функција во институција чија основна задача е заштитата и унапредувањето на правата на помалкубројните етнички заедниците.

Јавната функција носи одговорност, а не само привилегија. Лицата кои раководат со државни институции мора да ги почитуваат човековите права, еднаквоста и достоинството на сите граѓани.

Затоа, го повикуваме премиерот Мицкоски и Владата на првата владина седница да го разреши Далибор Китановиќ од директор на Агенција за остварување на правата на заедниците. 

Молчењето на институциите пред ваквите ставови е неприфатливо. Величењето на воени злосторници не смее да стане дел од институционалната култура.