Тевдовски: Приходите во буџетот за првите пет месеци се зголемени за 6,6 отсто


Буџетот е ликвиден и сите плаќања се извршуваат навремено, а приходите во буџетот за првите пет месеци се зголемени за 6,6 отсто, изјави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски.

-Нашиот буџет е ликвиден. Ние успеавме да ја стабилизираме целосно финансиската состојба. Значи исплаќаме се навремено, многу подобро од претходниот период. Не треба никој да стравува, сите плати и пензии и се друго што е издаток од буџетот во најбрзо време се исплаќа. Не би сакал да коментирам весели математики од опозицијата, бидејќи само во првите пет месеци од годинава растот на вкупните буџетски приходи е 6,6 проценти поголем во однос на истиот период минатата година, рече Тевдовски на новинарско прашање за обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека УЈП собрала за осум отсто помалку средства од даноците  до мај се собрани 25 милиони евра помалку средства.

Тевдовски заедно со гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска – Бежоска, денеска одржаа средба со новинари по повод претстојниот сосатнок на Конституенцата на СБ и ММФ што викендов че се одржи во Скопје.