Теута Арифи не поминала за амбасадорка во ЕУ?


Поранешната градоначалничка на Тетово и вицепремиерка за евроинтеграции, Теута Арифи не го поминала филтерот на Европската унија да биде испратена во Брисел како нов македонски амбасадор, откако истото се случи и во Вашингтон, објавија повеќе медиуми, повикувајќи се на дипломатски извори.

Засега нема потврда од Министерството за надворешни работи за оваа информација.

На последните локални избори Теута Арифи ја изгуби градоначалничката функција на Тетово и од нејзиниот наследник беше обвинета за партиски вработувања и за огромни општински долгови.