Тетовските пожарникари остранија стебла заглавени на браните на реката Пена


Тетовските пожарникари во деновите од викендот имаа акција за расчистување на поголеми стебла од дрвја заглавени на петте брани како и долж реката Пена. Со помош на соодветна механизација дрвјата се сечеа и отстрануваа од браните со цел да се овозможи проток на речната вода.

-Двата дена во саботата и неделата се работеше на браните на река Пена. Уште од 2015 година кога имаше поплави на овие брани има заглавено големи стебла од дрвја. Со оглед дека сега се комплетиравме со заштитна опрема пристапивме кон остранување на дрвата. Моравме на одредени места да употребиме јажиња за стигнување и држење па со моторни пили и секири да се исечеат дрвата, изјави командантот на тетовската пожарна Ука Алити.

Дел од дрвата се исечени на самите брани, а на дел од нив се постапувало по остранувањето на речниот брег. -Со ова е напраевен превентеивен потег и се овозможува без препреки да тече речната вода. Исто така е превенција од собирање и излевање на речната вода. Исто така се се острануваше и отпад, пример поголеми парчиња мебел, истакна Алити.

Браните на реките се изградени во 1980-тите откако во 1979 година имало голема поплава со намера да се штити градот од наноси на земја, карпи и дрвја. За време на последната поплава во август 2015 година три од вкупно шесте преградни брани се оштетени.