Тетовец тешко повреден во сообраќајка


Синоќа на регионален пат Тетово – Јажинце, кај крстосницата за локалниот пат за, се случила сообраќајна незгода помеѓу „даеву тико“ со скопски таблички, управувано од Ш.И.(40) од тетовското село Добарце и „фолксваген голф“ со тетовски таблички, управувано од Р.М.(64) од село Теарце.

Во незгодата Ш.И. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово, а потоа бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид извршила екипа од СВР Тетово.