Тестови во САД покажаа дека бројот на заразени можно е да биде 10 пати повисок од објавениот


САД–  Бројот на регистрирани случаи на новиот коронавирус во САД е далеку помал од реалниот број заразени лица, според податоците објавени од американската Влада, што беше мавестено со помало истражување минатиот месец.

Студија спроведена од американските центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦП) откри дека во текот на мај во поголемиот дел од САД, реалниот број на заразени со Ковид-19 бил повеќе од 10 пати поголем од пријавените случаи.

Студијата се заснова на тестови за антитела на Ковид-19 во примероци од крв од 16.000 луѓе во 10 региони на САД. Можно е таа студија да открила инфекции кај луѓе кои можеби немале симптоми или имале само лесна форма на болеста и кои не биле тестирани за вирусот.

Определувањето на стапката на инфекции е од шест пати поголема од бројот на пријавени случаи во Конектикат, до дури 24 пати поголема во Мисури. Сепак, повеќето од луѓето вклучени во студијата не биле заразени.

Студијата е објавена на порталот на Американското медицинско здружение „JAMA Internal Medicine“.