Тестот на Оливер Спасовски на корона е негативен


Премиерот Оливер Спасовски пред малку на Фејсбук објави дека неговиот тест на Ковид-19 бил негативен, но дека останува во домашна изолација

„Резултатот од тестот што го добив вечерва е негативен и покажува дека не сум носител на корона вирусот. Согласно препораките на епидемиолозите, останувам и натаму во изолација во домашни услови. Се придржувам до препораките и советите на лекарите, најдисциплинирано.

Во деновите на самоизолација, од дома преку дигитални алатки ги извршувам сите активности поврзани со водењето на Владата во услови на вонредна состојба.

Пикот на заразата е се уште тука, но ефектите од почитувањето на мерките се видливи за сите.

Апелирам уште еднаш: Секогаш држете два метри физичка дистанца, носете заштитни маски и не групирајте се. Останете дома ако не мора да излегувате“, напиша Оливер Спасовски.