Тестаментот на принцот Филип ќе остане тајна најмалку 90 години


Англија-Тестаментот на принцот Филип, војводата од Единбург, ќе остане тајна најмалку 90 години, одлучи британскиот суд.

Како што јавува BBC, одлуката е донесена за да се „заштити достоинството” на кралицата Елизабета, а ова е веќе традиција подолга од век, бидејќи по смртта на член на кралското семејство од судовите се бара да ги запечатат нивните тестаменти.

Ова значи дека не им се достапни на јавноста, а по 90 години ќе биде извршен приватен процес во кој ќе се одлучи дали тестаментот ќе биде отпечатен.

Принцот Филип почина во април годинава на 99 години.