Тест за Унијата: Европски избори денес во четири земји


Граѓаните на Словачка, Малта, Летонија и Чешка денеска ќе гласаат на изборите за Европскиот парламент.Овие избори се одржуваат четири дена во 28 земји-членки на ЕУ и претставуваат тест за Унијата.

Многу предвидувања велат дека националистите и екстремните десничари ќе поминат добро. Тие потоа ќе се обидат да го искористат своето присуство во ЕП за враќање на овластувањата на националните влади. Поумерените партии сакаат да ги зајакнат блиските врски меѓу членките на ЕУ.

Велика Британија, Ирска и Холандија веќе гласаа. Чесите гласањето го започнаа вчера а ќе заврши денеска, како и во Словачка, Малта и Латвија. Сите други членки на ЕУ ќе гласаат утре.

Резултатите се очекуваат утре вечер.