„Тесла“ оствари рекорден профит од 3,3 милијарди долари во првиот квартал


„Тесла моторс“ оствари рекорден профит во првиот квартал од оваа година, откако сопственикот Илон Маск изјави дека компанијата може да го зголеми производството повеќе од очекуваното, и покрај тесните грла во синџирите на снабдување.

Маск рече дека „Тесла“ ќе произведе повеќе од 1,5 милиони возила во 2022 година, што е за 60 отсто повеќе од минатата година. Долгорочниот план е зголемување на испораките за повеќе од 50 проценти годишно.
Најголемата светска автомобилска компанија закрепнува во вредност од затворањето на својата фабрика во Шангај, каде работата беше прекината на 28 март поради строги владини мерки насочени кон забавување на ширењето на Ковид-19. Компанијата соопшти дека изгубила околу еден месец од производството поради исклучување.

Најбогатиот човек на светот, Маск изјави дека продажбата на автомобили во првите три месеци од оваа година скокнала за 80 отсто во однос на 2021 година и дека е остварен рекорден профит од 3,32 милијарди долари.

Тесла во првиот квартал годинава испорача 310.000 возила, во првиот квартал минатата година беа испорачани 184.877 возила, а во четвртиот 308.605 возила.