Тешко повредено момче откако возило излетало од патот пред Ваташа
Утринава во 05:00 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионален пат Мушов Гроб-Кавадарци, на влезот на село Ваташа, кавадаречко, патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.К.(23) од Ваташа, излетало од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.К., констатирани во Општа болница Кавадарци – информираа од СВР Велес.