Тешко повредените во сообраќајката кај Лакавица пренесени во Клиничката болница во Штип


Четворицата тешко повредни во сообраќајната несреќа кај штипското село Лакавица се хоспитализирани во штипската Клиничка болница.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека двајца пациенти се наоѓаат на одделението за неурохирургија, додека еден на одделението за хирургија, а четвртиот пациент е на ортопедија.

Тој додаде дека лекарите во моментов вршат прегледи и интервенциите на пациентите.

Сообраќајната несреќа се случи во 14.47 часот на регионалниот пат Штип-Радовиш кај Лакавица кога се судрија камион со скопски регистерски таблички и автомобил марка „Голф“ со радовишки регистерски таблички.