Тешка сообраќајка во кавадаречко, татко и син излетале 22 метри од патот


Тешка сообраќајка несреќа се случила изминатава ноќ на патот Дреново – Кавадарци, информираше рано утрово на на својата Фејсбук страница, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Според статусот на социјалната мрежа, автомобил во кој се наоѓале татко и син, излетал 22 метри од патот. Случајот го пријавило детето кое има само осум години и кое и покрај повредите, успеало да се јави на 112 и да побара помош за себе и својот татко.

– Благодарение на пожарникарите во постојана комуникација со детето, колата е пронајдена, а двајцата со тешки повреди, од Општата болница Кавадарци се пренесени во Скопје. Браво за нашиот мал херој кој и покрај повредите, успеал да се јави и да побара помош. Со зборовите ,,гледам само темница, заглавен сум, се ме боли, а татко ми не дише’’. Се молиме за нив, напиша Јанчев.