Тешка сообраќајка на автопат во Србија – загина дете, седум малолетни џудисти се повредени


Едно дете загина, а седум деца и еден маж се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила на автопатот Нови Сад – Белград утрово по три часот.

На автопатот Нови Сад – Белград околу 3:30 часот наутро, по наплатната рампа во правец на Белград, се случила тешка сообраќајна несреќа кога комбе излетало од коловозот, пробило заштитна ограда и паднало во канал.

Три екипи за итни случаи беа испратени на местото на настанот и интервенираа на највисоко ниво на итност.

Едно дете родено во 2009 година починало на самото место од повредите здобиени во несреќата.

Уште седум деца, на возраст помеѓу 2009 и 2012 година, се здобиле со сериозни повреди и биле префрлени во Детската болница во Нови Сад.

Во возилото имало осум малолетни патници на возраст од 13 до 16 години, кои се членови на џудо клубот „Партизан“ од Белград и се враќале од меѓународен спортски камп и натпревар во Азербејџан.

Со алкотест е утврдено дека возачот на комбето не бил под дејство на алкохол. Возачот С.С. (1982) рано утрово бил примен во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Војводина со повеќекратни трауматски повреди и е на набљудување, соопштија за Танјуг од Клиничкиот центар на Војводина.