Тешка повреда за Крис Фрум, Британецот се откажа од Тур де Франс


Британскиот велосипедист Крис Фрум нема да учествува во најпрестижната светска велосипедска трка Тур Де Франс.

34-годишниот Британец кој во четири наврати го освојуваше Тур де Франс (2013, 2015, 2016, 2017) е хоспитализиран денеска во Франција откако доживеал сериозна несреќа при удар во заштитната ограда.

„Тој падна при спустот и со голема брзина удри во ѕидот. Ќе помине многу време до неговото враќање на трките“, изјави Дејв Бреилсдорф од тимот Инеос.

Инцидентот се случил за време на третата етапа од трката Критериум Дофине во средата во Руан. Фрум беше осми во вкупниот поредок по три фази осумдневна трка.

„Брзата помош експресно пристигна, Фрум е згрижен и чека со хеликоптер да биде пренесен во Лион или Сент Етјен“, додаде Бреилсдорф.

Британецот е двократен освојувач на бронзен медал на Олимписките игри (2012 и 2016), а минатата година славеше на трката Џиро ди Италија и беше трет на Тур де Франс.